Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време сончеви периоди и температура до 24. степени

Охрид, 9. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ идексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.

– Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука