Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за охриѓанец кој се однесувал агресивно кон полициски службеник на улицата „7-ми ноември“

Охрид, 9. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми јуни 2021 година, во 16:20 часот, во СВР Охрид приведен е 56-годишниот Д.Ќ. од Охрид, поради агресивно однесување кон полициски службеник кој, на улицата „7-ми ноември“ во Охрид преземал службени дејствија.

– Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука