Избор Струга Хроника

Претрес во струшко, пронајден пиштол кај жител на селото Драслајца

Струга, 9. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми јуни 2021 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 42-годишниот М.Ч. од струшкото село Драслајца.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол и 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловна пушка кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука