Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Амбасадорот на Јапонија Савада Хиронари се запозна со дел од потенцијалите на Охрид и регионот

Охрид, 9. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – По средбата со градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески, амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронари во друштво на министерката за култура во Владата на Република Македонија Ирена Стефоска се запозна со дел од потенцијалите на Охрид и регионот, од аспект на заштитата на природното и културното наследство.

– Го запознавме со активностите на Националниот парк „Галичица“, на Хидробиолошкиот завод и со стариот дел од Охрид. Јапонија е наш докажан пријател и принципиелен донатор кој, пред неколку години, со неповратни средства и ‭експертиза за изработка на физибилити студија го поддржа ‬колекторскиот систем за заштита на Охри‭д‬ското‭ Е‬зер‭о, објави министерката Стефоска.‬

May be an image of 1 person and standing

May be an image of outdoors

May be an image of 8 people, people standing, outdoors and tree

Таа потенцираше дека амбасадорот Хиронари ‭ изразил и интерес за вклучување на јапонската Агенција за санирање на еколошки проблеми, со цел задржување на статусот на „природното и културното наследство на Охридскиот регион“ на листата на светско наследство на УНЕСКО. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FB Irena Stefoska

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука