Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Втор ден ВМРО-ДПМНЕ протестира во Охрид: Народот во заштита на македонскиот идентитет, јазик и македонската историја (Фото)

Охрид, 9. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ова е Македонија! Народот во заштита на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската историја. Црвената линија не смее да биде помината, порачаа активистите на ВМРО-ДПМНЕ од денешниот протест.

– Доста е, излези за Македонија. Да се обединиме против оваа ненародна власт, истакнаа од партијата од протестот кој се одржа кај кружниот тек кај „Мини маркет“ во Охрид.

May be an image of 2 people, people standing, people walking and outdoors

Блокадите, како што потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ, се против новиот обид за продажба на националните и државните интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

May be an image of one or more people, people standing, road and street

На блокадата дојде до помал инцидент во кој учествуваа поддржувачи на партијата и полицијата која се обиде да остави слободна една коловозна лента.

May be an image of 3 people, people standing and outdoors

Освен во Охрид, партијата денеска организираше блокади во уште девет града: Скопје, Штип, Велес, Кочани, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Битола и Кичево.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид за утре најавуваат уште еден протест, на истата локација, на кружниот тек кај „Мини маркет“, во периодот од 15:00 до 17:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука