ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Од Охрид се врати во Белград: Оградата на српското Собрание од 1936 година ќе биде примопредадена утре

Белград/Охрид, 9. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, ќе присуствува на свеченото примопредавање на дел од поранешната парламентарна ограда од страна на претставниците на градот Охрид и делегацијата на Република Македонија.

Оваа информација е објавена на веб-страницата на националното собрание на Србија. Тоа е зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година, јави порталот локално.мк.

Како што е наведено на веб-страницата на Собранието на Србија, примопредавањето ќе се изврши на платото пред Домот на Националното собрание во четврток во 07:30 часот, а оградата свечено ќе му ја предаде на Дачиќ, градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиевски.

Споменатиот дел од оградата бил пред Собранието во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид, каде ја украсувал вилата „Билјана“, каде повремено престојувал Јосип Броз Тито. Оградата е изработена од ковано железо и според проектот на архитектот Николај Краснов.

Како што работниците пред Собранието изјавиле за српските медиуми, оградата била донесена денес со авион од Република Македонија. (Крај)

извор: локално.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука