Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ, денеска повторно ќе се блокира кружниот тек кај „Мини Маркет“

Охрид, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На исто место и во исто време продолжуваме со блокади и протести против ненародната власт, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, од каде за денеска најавуваат нов голем протест.

– Доста е, излези за Македонија. Ве повикуваме од 15:00 до 17:00 часот на протест и блокада кај кружниот тек кај „Мини маркет“ во Охрид. Да се обединиме против оваа ненародна власт, порачуваат од партијата.

Владата да го објави документот, т.н патоказ за кој со Софија преговараат премиерот Зоран Заев и владиниот специјален пратеник за Бугарија Владо Бучковски, побараа учесниците на првиот голем протест, кој во организација на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во Охрид и уште девет други градови во Македонија.

Од партијата велат дека доколку не се прифати барањето кое се однесува на „патоказот“, дека ќе се организираат и други уште поголеми протести, како и низа на други активности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука