Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охриѓанките Невена и Калина Нешкоски снимија химна за поддршка на македонската фудбалска репрезентација „Але але Македонија“ (Видео)

Охрид, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанките Невена и Калина Нешкоски со поддршка на нивниот брат Наум снимија уште една песна за поддршка на македонската фудбалска репрезентација.

„Але але Македонија“ е дело на ова трио, кое живее во САД, а за песната сними и видеоспот.

Колку е голема поддршката и интересот кај јавноста за настапите на македонската фудбалска репрезентација, доволно зборува и фактот што песната на Нешкоски е трета по ред навивачка „химна“, откако претходно слични песни издадоа и „ВИС Рисови“ и групата ДНК. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука