ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески го предаде делот од оградата на српското собрание која беше сочувана во вилата „Билјана“ во Охрид

Белград/Охрид, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Големо е задоволството што денеска во Белград ја имав честа свечено да предадам дел од оградата на Собранието на Србија, како гест на пријателство помеѓу Македонскиот и Српскиот народ, порача градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески од манифестацијата на свечено примопредавање на дел од поранешната парламентарна ограда на српската делегација.

– Со претседателот на српското собрание, Ивица Дачиќ имавме можност да поразговараме за дел од историските вредности на оградата чиј значителен дел беше пронајден во поранешната резиденција на Јосип Броз Тито, а сегашна вила на македонскиот претседател „Билјана“ во Охрид. На пригодната свеченост и во рамки на официјалната средба беа отворени и повеќе теми на заеднички интерес со што ја потенциравме добрата соработка помеѓу двете држави, која се темели на нашата заедничка историја и традиционалната поврзаност помеѓу двата народи, истакна Георгиески.

May be an image of 2 people and people standing

Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година. Примопредавањето се изврши на платото пред Домот на Националното собрание.

May be an image of 5 people, people standing and indoor

Споменатиот дел од оградата бил пред Собранието во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид, каде ја красел вилата „Билјана“, каде повремено престојувал Јосип Броз Тито. Оградата е изработена од ковано железо според проектот на архитектот Николај Краснов. (Крај)

извор: FB Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид фото: FB Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука