COVID-19 Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 7 пациенти

Скопје/Охрид, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 11 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 4 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 121 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука