Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески во знак на пријателство да побара во Охрид да се вратат златните маски од Требеништа и охридските дуборези

Охрид, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот Георгиески на скандалозна турнеја во Србија ја предава оградата од вилата „Билјана“ додека Охрид и граѓаните тонат во проблеми. Што добија Охрид и Македонија од тоа за возврат како чин на пријателство? – прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, откако рано утрово, висока делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот д-р Константин Георгиески го предаде делот од оградата на српското собрание која беше сочувана во вилата „Билјана“.

– Зошто е вратена оградата, има ли причина за тоа, на чија иницијатива и со која цел е истата? Дипломатијата подразбира заемна почит и меѓусебна соработка, па коректно би било Георгиески во знак на пријателство да побара во Охрид да се вратат златните маски од Требеништа како и охридските дуборези што ги красат владините канцеларии во Белград. ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид за ваквиот чини бара одговори и ќе се обрати до Управата за заштита на културното наследство, до Министерството за култура, до Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и до Секретаријатот на Владата на Република Македонија, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука