Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од 1-ви јули се укинува роамингот со Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ

Скопје, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, што значи дека трошоците за роаминг услугите меѓу земјите ќе бидат по цени како да сме дома.

Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, започнуваат да го спроведуваат договореното од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

Западен Балкан без роаминг од 1 јули - Независен Весник

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот е најавенo за 1 јули 2021 година.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

Денеска и министерот за надворешни работи Бујар Османи потсети на ова на својот фејсбук профил. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука