ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонија го изгуби случајот во Стразбур за потонатиот брод „Илинден”

Стразбур/Охрид, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија треба да му исплати 1.500 евра отштета на српскиот државјанин Бранко Бајиќ, инженер за бродоградба и овластен инспектор за пловни објекти кој се жалеше во Стразбур на пресудата во случајот со потонувањето на бродот „Илинден” во Охридското езеро, одлучи Европскиот суд за човекови права, јави порталот МКД.мк

Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година, во 10:33 часот, кога на околу 200 местри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од соседна Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум. (Крај)

извор: мкд.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука