Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Трет ден ВМРО-ДПМНЕ протестира во Охрид: Народот е против националните предавства на власта и е за јасни црвени линии (Фото)

Охрид, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Народот е против националните предавства на власта и е за јасни црвени линии, порачаа активистите на ВМРО-ДПМНЕ од денешниот протест.

– Никакво отстапување од македонскиот јазик, од македонскиот идентитет, од македонската историја, од заштита на македонските национални малцинства, истакнаа од партијата од протестот кој и денеска се одржа кај кружниот тек кај „Мини маркет“ во Охрид.

May be an image of one or more people, people standing and sky

Протестите се одржуваат од мотото „Доста е, излези за Македонија“, а против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

May be an image of one or more people, people standing and outdoors

Освен во Охрид, партијата денеска организираше блокади во уште девет града: Скопје, Штип, Велес, Кочани, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Битола и Кичево. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука