ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Леонид Тодороски од ООУ „Григор Прличев“ освои сребрен медал на Јуниорската македонска математичка Олимпијада

Охрид, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Леонид Тодороски, ученик во VIII одделение во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид освои сребрен медал на Јуниорската македонска математичка Олимпијада.

– Со овој успех на Тодороски, под менторство на наставникот Александар Ангелевски, тој стана дел од екипата од шест ученици кои ќе ја претставуваат нашата земја на 25. Јуниорска Балканска математичка Олимпијада, информираат од ООУ „Григор Прличев“.

Леонид Тодороски неодамна беше прогласен за државен првак за осмо одделение на државниот натпревар по математика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука