Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 22. степени

Охрид, 11. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

УВ идексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.

– До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе ги намали дневните температури за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука