Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце во Македонија

Скопје, 11. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши четвртата трансплантацијата на срце во Македонија, кај пациент кој неколку години боледувал од кардиоваскуларна болест.

Доцна синоќа медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија ја започнаа експлантацијата на бубрези и срце од 44 годишна пациентка кај која вчера беше дијагностицирана мозочна смрт.

Можно е да е слика од 1 лице и стоење

Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Тој изрази голема благодарност на семејството за несебичниот гест, со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на пациентите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ/Венко Филипче

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука