Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде кокаин кај две лица од Струга

Струга, 11. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јуни 2021 година, во 22:30 часот во населбата „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга.

– При преглед во патничко возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука