COVID-19 Избор Свет

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца над 3 години

Пекинг, 11. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцината против COVID-19 од кинеската компанија „Синофарм“, која ја создаде Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба на деца на возраст од три до 17 години во Кина, соопштија денеска тамошните власти.

Оваа информација ја објави истражувачот во Центарот за контрола и превенција на болести, Шао Јиминг на прес-конференција.

Кина досега искористи вкупно 845,3 милиони вакцини, а вчера се дадени 20,4 милиони дози, се наведува во податоците на Националната комисија за здравство. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука