Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Премиерот Заев со поддршка за отстранување на бесправно изградените објекти во Охрид

Скопје/Охрид, 11. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот Зоран Заев со подршка за акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје што ја спроведува општина Охрид.

Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено за светско наследство, заштитено од УНЕСКО, со цел да го реафирмираме владеењето на правото и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните. Сите се еднакви пред законите и сите мора да ги почитуваат, а ова особено е важно кога е во прашање заштитата на вредностите на светското наследство, нашиша Заев на Фејсбук.

Тој очекува вакви чекори и од општина Струга, каде според државните ревизори девет години не е урната ни една дивоградба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука