COVID-19 Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Филипче: Епидемиолошката слика е мирна, доколку има промени, ќе ги прилагодиме и мерките

Скопје, 11. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Додаде дека состојбата континуирано се следи, а ако продолжи трендот на мал број новозаболени, најави и укинување на полицискиот час, што е на сила до 15-ти месецов, од полноќ до 04:00 часот.

– Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и смрт. Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, рече Филипче.

Во однос на одржување на свадби, семејни прослави, концерти и други културни случувања Филипче истакна дека нема ризик за организирање на такви настани во летниот период.

Според последните податоци во шест македонски градови, Кавадарци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран веќе немаат активни случаи на заразени со COVID-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука