Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Јосифоски: Цените во Охрид со тек на време треба да растат, но и содржините и понудата во угостителските објекти

Охрид, 11. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Период наназад, особено во летните месеци по социјалните мрежи кружат фотографии од фискални сметки со кои посетители на Охрид се жалат на високите цени на услугите.

Гостите негодуваат на високите цени на кафето, пијалоците, паркингот… Според Незавсината угостителска комора ниедна цена не е скапа доколку се направи споредба да се види што се добива за парите што се плаќаат. Сметаат дека цените со текот на времето треба да растат, а паралелно со тоа да се зголемат и содржините кои ќе се нудат и да се подобри услугата, сé со цел да се промени нешто во типот на туристи кои ќе се анимираат.

Нема достапен опис

– Охрид е наш најголем бисер и не смее во ниеден момент да се споредува со други туристички локации, во смисла дали цените се високи или не. Ниедна цена не е скапа доколку се направи споредба да се види што се добива за таа цена. Цените во Охрид би требало со тек на време да растат, но паралелно со тоа треба да растат и содржините и понудата која охридските угостителски објекти ќе ја понудат на домашни и странски гости. Охрид е прекрасно место, може да се спореди со Сен Тропе или други места од висок калибар, вели претседателот на комората Здравко Јосифоски.

Потенцира дека не може да се зборува за развој на туризмот и угостителството ако државата не одвои по неколу десетици милиони евра за инвестиции и субвенции.

Нема достапен опис

– Среќни бевме по најавите за инвестиции од скоро 8 милијарди евра но разочарување е што скоро и да не постои индустрија туризам и угостителство. Не можеме да зборуваме за развој ако државата не одвои по неколу десетици милиони евра за инвестиции, субвенции, поддршка за развој на истиот и да очекуваме дека ќе има покачување во бруто нацоналниот приход од 1,7-2,2 на 3 или 4 проценти како што се очекувањата, а можеби тоа е и реалноста, истакна Јосифоски.

Додаде дека треба да се посвети поголемо внимание и на инфраструктурата, оценувајќи го како тотално фијаско на државата што дозволи да не го доврши автопатот Кичево-Охрид, како туристите би имале делница преку која ќе може за краток период да стигнат до нивната омилена дестинација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука