COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

20 нови случаи на COVID-19, 1 новозаболено лице од Охрид

Скопје, 11. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, при што се регистрирани 20 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.

По градови:

• Куманово 5
• Скопје и Битола по 4
• Тетово 3
• Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка по 1

Пријавени се 2 починати лица: од Скопје (63 и 78 години).

Регистрирани се 30 оздравени пациент од:

• Скопје 21
• Куманово, Прилеп и Виница по 2
• Кочани, Гевгелија и Берово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука