Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

In memoriam: Почина проф. д-р Васко Речкоски

Охрид, 12. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во 49-тата година од животот, утрово во Охрид почина проф. д-р Васко Речкоски, истакнат професор од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

– Денес во вечноста замина нашиот колега и пријател Проф. Васко Речкоски, најтивкиот професор што имаше многу да каже. Бог да го прости и да му даде вечен мир. Изразувам длабоко сочувство до семејството, напиша на својот Facebook профил деканот на ФТУ, Цветко Андреески. (Крај)

извор: Охрид1 фото: Охрид1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука