Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Тече проектот за конзервација, реставрација и презентација на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо

Охрид, 14. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е реализацијата на проектот за целосна конзервација, реставрација и презентација на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо (IV-V век), информираат од охридскиот Завод и Музеј.

– Во првата фаза е извршено расчистување на просторот со што се овозможија услови за спроведување на конзерваторски истражувања и изработка на Елаборат за поставување на кровна конструкција над целата базилика. Проектот го раководи д.и.а. Анита П. Танеска, виш конзерватор за архитектура од Завод и Музеј – Охрид, потенцираат од Заводот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Завод и Музеј – Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука