Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Сара Климоска во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“

Берлин/Охрид, 15. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Македонската актерка со потекло од Охрид Сара Климоска вчера во Берлин ја прими наградата „Европски актер“ во подем за 2021 година.

Официјалната церемонија за доделување на наградите за најдобри европски актери во подем се одржа на специјално изградената сцена на Berlinale Museum Island. Наградите ги додели Maria Schrader која е во главна улога на филмот „I’m your man”, филм кој е добитник на Сребрена Мечка на Берлинскиот филмски фестивал.

БРАВО: Македонска актерка во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“

– Имав прекрасни, возбудливи и интензивни три дена во Берлин на првата летна едиција од Берлинскиот филмски фестивал. Конечно имав можност во живо да ги запознам колегите до кои ја делам наградата European shooting stars и навистина секој еден од нив е исклучителен! Благодарна сум на Агенцијата за Филм за номинацијата и на European Film Promotion за наградата и за приредување на едно неверојатно искуство, изјави Климоска.

Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм, која е долгогодишна членка на European Film Promotion. (Крај)

извор: курир.мк фото: курир.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука