29 нови случаи на COVID-19, 2 новозаболени лица од Охрид
Скопје, 15. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, при што се регистрирани 29 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.
По градови:
• Скопје 9
• Кичево 5
• Куманово и Тетово по 4
• Прилеп и Охрид по 2
• Штип и Струмица по 1
Нема починати лица.
Регистрирани се 34 оздравени пациенти од:
• Скопје 18
• Прилеп 4
• Куманово и Тетово по 3
• Битола 2
• Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |