Кај болницата „Свети Еразмо“ во Охрид пронајдени 1.243 стебла марихуана, приведени две лица
Охрид, 15. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со СВР Охрид на 14-ти јуни 2021 година, на подрачјето на Охрид лишија од слобода две лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Против нив од страна на СВР Охрид е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен Суд Охрид.
– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, работејќи на полето на сузбивање на организирани криминални групи кои вршат производство и недозволена трговија со наркотични дроги на национално и меѓународно ниво, заедно со полициски службеници од СВР Охрид спроведоа заедничка координирана акција на подрачјето на Охрид, при што во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид беа пронајдени и запленети 1.243 стебла Канабис сатива, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |