ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Леонид Тодороски од ООУ „Григор Прличев“ најдобар на државниот натпревар по биологија

Охрид, 15. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Леонид Тодороски, ученик во VIII одделение во ООУ „Григор Прличев“ од Охрид го освои првото место на 8. Државен натпревар по Биологија за 7 и 8 одделение.

Под менторство на наставничката Зоре Ѓоршовска, Леонид со освоени 47 бода беше најдобар меѓу своите врсници.

Претходно тој го освои сребрениот медал на Јуниорската македонска математичка Олимпијада со што стана дел од екипата од шест ученици кои ќе ја претставуваат нашата земја на 25. Јуниорска Балканска математичка Олимпијада, а неодамна Леонид беше прогласен за државен првак за осмо одделение на државниот натпревар по математика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука