Од денеска нема полициски час, угостителските објекти без ограничено работно време, дозволени се настани, концерти и забави на отворено
Скопје/Охрид, 16. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска целосно е укинат полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1.000 лица.
Ова се мерките што ги препорача Комисијата за заразни болести, а вчера на седница ги прифати Владата и стапија на сила од ноќеска на полноќ. Една од препораките е и измена и дополна на Протоколот за организирање свадби, прослави и веселби.
Комплетните мерки на Владата на Република Македонија ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |