ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ја промовираше новата политичка стратегија – „Македонија за сите луѓе“
Охрид, 16. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на прославата на 31-от партиски роденден во Охрид, од Античкиот театар ја промовираше новата политичка стратегија „Македонија за сите луѓе“.
– Тоа е новата политичка стратегија светоглед со кој ќе дејствуваме, силата која ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои ја сакаат Македонија и животот го гледаат овде. Време е да зборуваме за иднината, да се крене земјава од оваа национална и економска девастација. Македонија на е на касти, клики и слоеви, туку на сите македонски граѓани, кажа Мицковски.
Во својот говор упати критики кон владејачката партија укажувајќи дека со новата стратегија на партијата младите ќе се задржуваат во земјата. Тој нагласи дека Македонија е многу повеќе од една или две партии, од една генерација или повеќе генерации политичари. Мицкоски кажа дека Македонија е заедничката покривка околу која сите се обединуваме.
Партијата по повод новата стратегија на црвената и црната партиска боја ја додаде и жолтата како и тонови меѓу овие бои, што треба да е одраз на новиот слоган. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |