Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Плажата „Куба Либре“ доби судско решение да им се вклучи струјата

Охрид, 17. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Судијата Ефтин Попески по тужбено барање од плажата „Куба Либре“ одлучил денеска да се вклучи струјата на оваа позната охридска плажа, на која неодамна и’ беше исклучен доводот на електрична енергија.

Порталот Охрид 1 јави дека по исто такво барање од плажата „Кадмо“, друг судија одлучил спротивно на оваа одлука, односно да нема струја.

Барањата за двете правни лица се идентични и поднесени од ист адвокат, а истиот извор јавува дека ЕВН ќе го обжали на апелација судското решение за „Куба Либре“.

Од Општина Охрид за порталот изјавиле дека доколку продолжеле ваквите надитрувања ќе мора објектот „Куба Либре“ кој е дивоградба да биде отстранет. (Крај)

извор: Охрид1 фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука