Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Таеквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ викендов учествува на онлајн турнирот „Балткуп 2021“

Охрид, 17. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец со 11 натпреварувачи викендов ќе ги брани боите на Македонија на Меѓународниот онлајн турнир А- класа „Балткуп 2021”,во организација на  ИТФ федерацијата на Естонија.

Пријавени се учесници од 56 клубови од Европа и ќе се натпреваруваат во дисциплината форми (борба со замислен противник). Натпреварот ќе се одржи онлајн на 19-ти и 20-ти јуни од 09:00 до 18:00 часот, а ќе може да се гледа на YouTube каналот ITF TV.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе што стојат, надвор и текст кој вели „onwTиHa oxpиA REDMI NO PRO QUAD CAMERA“

– Се надеваме дека и овој пат нашите пулени на овој престижен турнир ќе не израдуваат со солиден успех, иако поради ситуацијата со COVID-19 стагниравме со натпревари. Сепак, веруваме и ќе се трудиме гордо да се претставиме, а со тоа и да изразиме најголема благодарност до нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

Тој најави дека теквондисти од овој клуб ќе земат учество и на првиот меѓународен таеквондо ИТФ турнир од А класа „Бугарија опен“, што по подолга пауза ќе се одржи во нормални услови од 25-ти до 27-ми јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука