COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

19 нови случаи на COVID-19, 1 новозаболено лице од Охрид

Скопје, 18. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, при што се регистрирани 19 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.

По градови:

• Скопје 7
• Куманово 4
• Крива Паланка 3
• Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево по 1

Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80 години) и Куманово (73 години).

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:

• Скопје 6
• Куманово 5
• Тетово 2
• Кичево 1

Досега во земјата се направени вкупно 848.334 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука