Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Двајца странски државјани повредени по пад со четирицикл кај Велестово

Охрид, 18. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти јуни 2021 година, во 22:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Болницата „Св. Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди биле донесени 63-годишниот М.Ц. од Романија и 60-годишната Т.Ц. од Република Молдавија.

– Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека околу 18:00 часот М.Ц., кој управувал моторно возило четирицикл „цфмото“, со охридски регистарски ознаки, во кое сопатничка била Т.Ц., на место викано „Крстец“ кон селото Велестово, изгубиле контрола над возилото и излетале надвор од коловозот. Увид извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука