Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Опожарена куќа во селото Биџево

Струга, 18. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти јуни 2021 година, во Полициската станица во Струга е пријавено дека настанал пожар во куќа во селото Биџево, во сопственост на 29-годишниот П.Т. од истото село, при што целосно е оштетена кровната конструкција, мебел и предмети во поткровјето.

– Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга, повредени лица нема, а увид извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука