Поради испад на 110-киловолтниот далновод во Охрид имаше два кратки прекини на струјата
Охрид, 18.мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вчера попладне Охрид остана кусо без електрична енергија. Освен во охридскиот, струја немаше и во струшкиот и ресенскиот регион.
Како што информираа од ЕВН, причината била испад на 110-киловолтниот далновод. Екипите го санираа дефектот, но синоќа околу 20 и 30 часот, во градот повторно имаше неколкуминутен прекин во електроснабдувањето.
Поголеми проблеми со струјата имаа селата од Дебрца меѓу кои Сливово, Мраморец, Турје, Врбјани, Арбиново и Лактиње. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |