Глендејл, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Се е подготвено за еден од најголемите настани во светот на спортот, финалето во Супербоул кое ноќта помеѓу 1-ви и 2-ри февруари во Глендејл,Аризона ќе го одиграат “New England Patriots“ и „Seattle Seahawks“.
И покрај високите цени на влезниците трибините ќе бидат полни а организаторите и телевизиите тријат раце од вртоглавите цени на “секунда”рекламен простор.
Компанијата Бадвајзер за реклама која ќе се прикаже на паузата на Супербоул за 30 секундно емитување, ќе плати 4,5 милиони долари додека „Викторија Сикрет“ за спот од 30 секунди кој ќе биде прикажан во последната четвртина ќе плати 4 милиони долари.(Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 39