Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Вечерва по трет пат Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Охрид, 30. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во предворјето на катедралната црква „Св Софија“ ќе се одржи третиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“.

Покрај домаќините, заедно со детскиот мултиетнички хор, предводени од диригентот Бурим Хидри, гостуваат и членовите на камерниот хор „Арс Нова“ од Питешти, Романија, хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда од Србија и женскиот младински хор при МКЦ Скопје.

Нема достапен опис

Почетокот на фестивалот е во 19:30 часот, а влезот ќе биде слободен.

Охридскиот хор „Вокс Лихнидос“ периодов наназад се прилагоди и на пандемиските услови, па одржуваа online проби, а сега веќе ги одржуваат на отворено.

По трет пат Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

И во такви услови продолжија да нижат успеси, па на првото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мелодианум“ во Кикинда, Србија, што се одржа online, освоија златен и сребрен медал во категориите духовна хорска музика и мешани камерни хорови.

Охрискиот градски хор кој минатата година одбележа 55 години од постоењето, од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ и е успешно предводен од диригентот Бурим Хидри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука