Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Играниот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски го освои романскиот Оскар за „Најдобра Фотографија на игран филм“

Охрид, 30. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Играниот филм „Дедо и Внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски, кој е снимен во македонско-романска копродукција ја освои престижната награда „Најдобра Фотографија на игран филм“, доделена од романската асоцијација на кинематографери, на 15-то издание на Гала на наградите „Гопо“, пандан на холивудскиот Оскар за најдобри филмски достигнувања.

Наградата, доделена во исклучиво силна конкуренција, замина во рацете на директорот на фотографија, Патру Паунеску.

May be an image of 4 people, people standing and indoor

– Ова е признание за сработеното од нас и целиот тим од Македонија, кој направи сензационална работа и радост што луѓето можат да видат колку е убав градот во кој снимавме, имено Охрид. Ми беше чест и задоволство да работам на овој филм. Одлични услови и феноменална екипа. Го сакам Охрид, ја сакам Македонија, изјави директорот на фотографија, Патру Паунеску по доделување на наградите.

May be an image of 1 person, beard and indoor

Филмската манифестација „Гопо“ ги слави најважните достигнувања на романската кинематографија во годината, што овој пат се одржа под знакот на пандемијата на коронавирусот. И покрај тешкотиите со кои се соочија, некои од филмовите објавени минатата година имаа можност да бидат погледнати од романски гледачи, да учествуваат на врвни фестивали, номинации и да добијат важни награди.

May be an image of text that says 'PREMIUL RSC PENTRU CEA MAI BUNĂ IMAGINE MATOGRA TOGR ADRIASLIŞTEN Est PĂTRU PĂU NESCU Bunic nepot CARMEN TOFENI Ivana cea Groaznică BARBU BĂLAŞOIU Urma RADU CIORNICIU MIRCEA TOPOLEANU Acasă'

May be an image of standing

По шест вредни награди на познати фестивали шурум светот, за играниот филм „Дедо и внук“ ова е седма награда. Филмот неодамна беше прогласен за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон. Buenos Aires International Film Festival, Osaka International Film Festival – OIFF, Stockholm City Film Festival, Dallas Independent Film Festival и Prisma Rome Independent Film Awards, International film Festival Sweden се последните филмски фестивали кои го селектираа во својата програма играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски.

May be an image of 11 people, people standing, footwear and outdoors

– Направивме добар филм. Филм, со приказна која никого не го остава рамнодушен. Се радувам на сите награди и признанија. Ме прават горд и ме мотивираат и ми даваат поттик за уште подобар да бидам во иднина. Учев во добра школа, Филмската академија во Букурешт, Романија, која ми даде знаење и занает да го прикажам најдоброто. Да бидам достоен, културен амбасадор на Македонија. Филмовите се скапа уметност, но неопходни за културата на еден народ. Се надевам дека национална поддршка ќе биде поголема во иднина, изјави режисерот Пиперкоски.

May be an image of 2 people and beard

Тој го напиша и сценариото за филмот, во кој раскажува прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука