Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнува јубилејното, 60-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Охрид, 5. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со настапот на Ансамблот „Македонија” од Скопје и Академското културно-уметничко друштво „Бранко Крсмановиќ” од Белград, на сцената „Долни Сарај“, вечерва со почеток во 20:30 часот ќе биде отворено јубилејното, 60-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Се очекува фестивалот да го отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, Таљат Џафери.

Пред охридската публика, наредните три дена, со игри и песни ќе се претстават уште и Културно-уметничкото друштво „14 Февруари” од Бања Лука, КУД „Дримкол” од Вевчани, Ансамбл „Студио фолклор” од Скопје, Инструменталниот состав „Ќустек” од Скопје, Фолклорниот анасамбл „Никола Ѓурковиќ” од Котор, КУД „Јане Сандански” од Неготино, Друштвото „Плус Денс” од Елбасан, КУД „Бисер” од Кичево и Фолклорниот ансамбл „Бисери” од Охрид.

May be an image of text

Организаторите информираат дека сите настани ќе се одржат согласно актуелните здравствени протоколи за заштита од коронавирусот Covid-19. Влезот на сите посетители е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука