Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Денеска започнува летната пливачка школа на Пливачкиот клуб „Акваспирит“

Охрид, 5. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – И ова лето најмладите охриѓанчиња ќе имаат можност да навлезат во тајните на пливањето во рамките на Летната пливачка школа на Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид.

– Уписите за летната пливачка школа „Акваспирит“ се во тек. Реализацијата на часови стартува денеска, понеделник, 5-ти јули 2021 година, потенцираат од Пливачкиот клуб „Акваспирит“.

Додаваат дека сите заинтересирани можат да добијат дополнителни информации кај тренерите Миле Ј. (078/355-291) и Славчо Ц. (077/703-686). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука