Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот Завод и Музеј изработува виртуелен 3D модел на гробницата од македонски тип во Охрид

Охрид, 5. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Започна реализацијата на Проектот „Виртуелна реконструкција и изработка на макета на гробницата од македонски тип во Охрид“ од Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година.

– Во соработка со Регионалниот зелен центар Охрид изработува виртуелен 3Д модел на оваа уникатна градба која ќе стане достапна за пошироката јавност преку интернет платформите, а 3Д макетата од гробницата ќе биде изложена во Музејот Куќа на Робевци, информираат од охридскиот Завод и Музеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Завод и Музеј Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука