Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Забава за сите матуранти во дворот на охридската Гимназија (Фото/Видео)

Охрид, 5. јули 2021 (ОХРИДПРЕС)  – На иницијатива на Климент Недески и Александар Илоски, односно Dj Gec и Dj Face, вечева во дворот на охридската Гимназија се одржа забава во чест на сите матуранти кои оваа година, поради корона пандемијата не ја прославија матурата онака како што тоа го прават нивните врсници секоја година.

– Настанот е креиран за сите што не ја прославија матурата оваа година. Поради корона пандемијата матурантите од 2020 и 2021 година немаа можност да го направат тоа, порачаа Dj Gec и Dj Face.

Забавата се одржа со поддршка на Општина Охрид, а присутните ги поздрави и градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука