Забава Избор ТОП ВЕСТИ

АЛАРМ фестивал 2021: „Леб и сол“ на 2. август, за празникот Илинден на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид

Охрид, 5. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Култната македонска група „Леб и сол“ ќе настапи на 2. Август, за големиот празник Илинден на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во рамките на годинешното издание на фестивалот АЛАРМ 2021.

– АЛАРМ фест по повод тридневната централна прослава на Илинден во Охрид, со огромно задоволство ви ги најавува легендите на македонската и балканска музичка сцена, неповторливите „Леб и Сол“. 2-ри Август стадион „Билјанини извори“ во Охрид. Навивај за македонска музика, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука