Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Иди“, одличен нов сингл на охриѓанецот Александар Јосифовски (Видео)

Охрид, 6. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – На сцената се чувствува како риба во вода, сигурен во себе, доминира на подиумот, со одличен глас и совршена идеја што да прави со истиот.

Охриѓанецот Александар Јосифовски, момчето кое постигна забележителен успех во рамките на мега популарното музучко шоу во соседна Србија „Ѕвезде Гранда“ повторно е актуелен со неговиот најнов сингл „Иди“, издаден за Гранд продукција.

Автор на музиката за песната е самиот Александар, заедно со младиот гитарист Мартин Милески, додека текстот е на Огнен Неделковски. Песната е сосема „погодена“ за вокалот на Александар и потсетува на најдобрите времиња на некогашните рок гиганти од поранешните Ex Yu простори како Парни Ваљак, Дивље јагоде и сл. Ја следи и видео спот со вистинска филмска приказна, која ја надополнува одличната песна и продукција. Видео записот е дело на Кристијан Љушев од продукцијата „Шпанец“.

Она што е сигурно е дека пред Александар е голема иднина и дека ќе слушаме уште долго за неговите успеси. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука