Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески не е способен да ги стави во функција рампите кај Горна порта

Охрид, 7. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – И по една недела од најавата рампите за влез и излез во стариот дел на градот кај Горна порта не функционираат, обвинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Единствената главна инвестиција на Георгиески и локалната власт за сите четири години се рампите и нивната нефункционалност иако беше најавувано дека ќе функционираат од 1 јули. Власта повторно создава хаос во сообраќајот и паркирањето како за жителите така и за туристите кои престојуваат во Охрид. Зошто Георгиески не го спроведува режимот на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила? Што ќе се случи доколку е потребна итна интервенција како брза помош, пожарна и слично? Власта на СДСМ и Георгиески е синоним за хаос и неорганизираност. За ваквото однесување СДСМ и Георгиески ќе бидат казнети на претстојните локални избори, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука