Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради градежни зафати, забрана за паркирање возила на улицата „Јане Сандански“ во четврток, 8-ми јули

Охрид, 7. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид упатува апел до жителите на улицата „Јане Сандански“ и останатите охриѓани и туристи, во четврток, на 8-ми јули 2021 година, да не ги паркираат или оставаат привремено своите возила на оваа улица поради градежни зафати кои ќе се одвиваат.

– Истите се дел од постапката за реконструкција на оваа улица. Доколку граѓаните не ги отстранат сами возилата ќе им бидат подигнати со пајак служба на нивни трошок, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука