Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 33. степени

Охрид, 8. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 33. степени.

– И утре ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука