ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

В недела ќе биде откриена возобновената бакарна плоча во чест на дрвото кочеџик во дворот на црквата Богородица Перивлепта

Охрид, 9. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодна свеченост в недела од 11:00 часот во дворот на црквата Света Богородица Перивлепта ќе биде откриена возобновената плоча во чест на дрвото кочеџик, засадено по повод 1.100 годишнината од упокојувањето на Св. Методиј и чествување на ликот и делото на Никола Исаија Чудов.

Никола Чудов, охридски деец, учител, книжевник и позната историска личност е заслужен за засадувањето на дрвото кочеџик, кое се наоѓа во дворот на црквата Богородица Перивлепта, а бакарната спомен плоча поставена во 1986 година, на која е напишан дел од песна на Чудов, била украдена.

Нема достапен опис

Оригиналната плоча поставена во 1986 година

Супер радио и OhridPress во 2017 година објавија сторија во два дела за охридскиот книжевник и позната историска личност, Никола Чудов и ги пренесовме историските случувања раскажани од внуката, охриѓанката Марија Лебедик и Евгенија Анѓелкоска четврта генерација потомок на охриѓанецот Никола Исаија Чудов.

Нема достапен опис

Во знак за зачувување на споменот, потомците на Чудов, семејствата Лебедик и Анѓелкоски покренале иницијатива за враќање на плочата, едно од културните обележја на градот. Со помош на Лајонс клубот „Лихнидос“ и општина Охрид, во 2016 година е поставена мермерна плоча, иако не станува збор за возобновување на старата (некогаш) постоечка, но сепак во насока на зачувување на историјата.

Сега конечно по три и пол децении на истото место ќе се врати возобновената бакарна плоча верна на оригиналот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука